Извршниот директор на Европскиот фонд за Балканот, Хедвиг Морваи, истакнува дека 2025 година треба да се заборави како датум за влегување на Западен Балкан во ЕУ.
Таа истакна дека така треба и да се однесува, бидејќи дотогаш е невозможно да се постигне целта.
Таа ја истакнува важноста на регионалната соработка и вели дека тоа е средството за развој на регионот, а не целта сама по себе.
„Треба да ја искористиме регионалната соработка за решавање на некои од тешките прашања”, рече Морваи.
Таа оцени дека на почетокот на годината имаше некои позитивни чекори во регионот, и од страната на ЕУ, но дека сега повторно се наоѓаме таму каде што бевме.