На Меѓународниот традиционален натпревар во прецизно слетување „Прилеп Опен“ Борјан Јовановски и донесе злато на Македонија.
Македонскиот параглајдерист изминатиот викенд во Крушево во силна конкуренција успеа да биде подобар од првакот на Европа, Матијаз Слуга од Словенија.
Успехот на македонските натпреварувачи го надополни Мартин Јовановски со освојување на втората позиција. Слуга заврши на третото место. На овој натпревар од Европскиот куп учествуваа 46 пилоти од шест земји.