Македонскиот статистички систем се развива согласно европските пракси и стандарди – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/18 2:54 PM

Македонскиот статистички систем се развива согласно европските пракси и стандарди

На денот на европската статистика, потпишана е Декларација за посветеност кон доверба во официјалната статистика. Веродостојните статистики се неопходен услов за креирање на одржливи политики како и имплементирањето на ЕУ вредностите – ова е пораката што денеска беше испратена при одбележувањето на Денот на европската статистика.

Статистичките податоци  повеќе не се само бројки кои отсликуваат некакви состојби или појави, туки патока за подобро утре потенцираше диркеторот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

„Денес  официјалните статистики претставуваа патоказ и средства за креирање на тоа подобро утре, за кое сме одговорни сите ние во својот дел на работењето“, изјави Симовски.

Премиерот Зоран Заев  пак,  посочочи дека Кердибилитетот на националниот статистички систем е еден од неопходните услови за доверба во мерките и политиките што ги усвојува и ги спроведува Владата на Република Македонија, но и за научните анализи, истражувањата и трудовите кои произлегуваат од Универзитетот Св. Кирил и Методиј и другите научно образовни установи

„Особено ме радува фактот што Македонскиот статистички систем се развива и ќе продолжи да се развива во согласност со правилата и стандардите на Европскиот статистички систем. Државниот завод за статистика денеска претставува синоним за независна институција,  која постојано ги унапредува и модернизира своите истражувачки процеси и методологии согласно европските пракси и стандарди“, потенцираше премиерот.

Заев и Симовски  потпишаа и Декларација  за посветеност на довербата во официјалната статистика. Македонија од денеска се приклучи кон земјите како Шведска, Словенија, Ирска, Белгија, Грција, Романија, Црна Гора и Албанија каде е потпишана токму оваа декларација.