Најмалку 13 луѓе загинаа, а 50 се повредени во нападот на Крим – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/18 1:08 PM

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 50 се повредени во нападот на Крим

Осомничениот извршител на терористичкиот напад во Политехничката школа во Керч бил 22-годишен студент или поранешен студент, кој по нападот се самоуби, изјави кримскиот лидер Сергеј Аксјонов.

Според најновите податоци на рускиот Истражен комитет во инцидентот во Керч, источен Крим загинаа најмалку 13 лица, а 50 се повредени, меѓу кои најголем број се тинејџери.

Според првичните информации била детонирана рачно изработена бомба, но во меѓувреме директорката на Политехничката школа, Олга Гребеникова изјави дека група вооружени мажи влегле во зградата активирале бомби и отвориле оган врз присутните.

Првиот заменик директор на Националната гарда на Русија, Сергеј Меликов наведе дека експлозијата е предизвикана од рачно изработена експлозивна направа и додаде дека се работи за терористички напад.

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руското Министерство за здравство и вонредни ситуации, како и на другите служби да ги преземат сите неопходни мерки за да им помогнат на повредени при експлозијата во Политехничката школа во Керч.

Покрај тоа тој им нареди на службите спроведување на законот, вклучително и на Сојузната безбедносна служба (ФСБ) и итно да се открие кој стои зад експлозијата.

Во Керч инцидентот испратени се околу 200 војници, десетина возила и хеликоптери за да им помогнат на службите за вонредни ситуации.

Руското Министерство за вонредни ситуации испрати и неколку хеликоптери и транспортни авиони Иљушин 76 со психолози и спасувачи.

Извор:МИА