Во доба на дигитализација, македонското тело кое ја регулира работата на медиумите, бара истите да ја изложат својата публика на бирократски информации загрозувајќи ја динамиката на програмата.
Четири години откако Собранието го донесе Законот за медиуми, АВМУ објавува Упатство за исполнување на обврските за ИМПРЕСУМ и информации достапни за корисниците. Ова беше и повод за Асоцијацијата на приватни медиуми јавно да реагира. Оттаму велат дека во време на динамични медиуми, АВМУ ги враќа во 1992 година по примерот на државната Радио и Телевизија во тоа време.
А
ПЕМ денеска праша дали АВМУ е регулаторно тело или обична бирократска Агенција, која како што велат оттаму не ги следи тековните програмски и технолошки иновации и не реагирала на време да се отстрани оваа небулоза од Законите и после четири години си наоѓа работа? Или пак, намерата е да казнува, бидејќи не се сменети казните во Законот за медиуми и овој прекршок чини 5.000,00 евра, а доколку има вонсудска спогодба е со 50% попуст, односно 2.500,00 евра.
Традиционалните медиуми имаат свои веб страници на кои и онака ги наведуваат податоците за креаторите на содржините кои ги пласираат па се поставува прашањето која е оправданоста, односно каква е применливоста на упатството донесено неодамна од АВМУ. Ако според првиот човек на Агенцијата, Зоран Трајчевски Законот не содржи доволно одредби кои би ја поттикнале транспаретноста кај медиумите, зошто му биле потребни четири години за го увиди тоа?
Според медиумската фела, овој документ би се одразил катастрофално врз работата пред се’ на радијата, а истовремено бесполезно би се узурпирало и времето на домашните телевизии.
Медиумските професионалци со овој став веќе се обратиле до Агенцијата што ја регулира нивната работа, но оттаму им одговориле дека немаат сите луѓе пристап до интернет.
Асоцијацијата на приватни медиуми побарала од Владата и надлежното Министерство да ги укинат небулозните одредби од Законот, поточно член 14, со што ова Упатство ќе биде ставено вон сила. Медиумите побарале да се изнајде друг начин на транпарентност на продукциските права и авторските права на издавач на медиуми и радиодифузни организации, користејќи ги официјалните веб страни на медиумите.
Претставници на медиумската фела пак велат дека новонастанатата ситуација предизвикала прашалници и кај надлежните според кои, исто така е чудно тоа што потребата за вакво упатство се донесува четири години по донесувањето на Законот, ако се знае дека во не така далечното минато, дел од телевизиите не беа целосно транспарентни и наместо точни податоци за нивните вработени, користеа псевдоними.


