Освен по маратони спортистите трчаат и по спонзори – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/18 12:38 PM

Освен по маратони спортистите трчаат и по спонзори

Речиси три децении маратонецот Адем Селмани го користи патот кој води кон тетовското кале како место за тренинг. Вели подобра локација нема, поради узурпација на јавните површини во градот, па затоа  одлучил да го користи овој планински пат. Освен лошите услови за тренинг, Селмани како и останатите спортисти се соочува со финансиски проблеми.

Селмани изминативе месеци учествуваше на повеќе маратони, во државава и регионов. Оттаму се врати со повеќе награди, кои ќе му бидат мотив повеќе да продолжи да се занимава со овој спорт и покрај лошите услови за тренинг. Селмани е веќе во петтата деценија од животот. Вели дека годините не му преставуваат препрека да престане со тренира по узбрдниот и планински пат кој води кон тетовското кале, локација за трчање која ја користи три децениии.

Освен лошите услови за тренинг, Селмани се соочува и со финансиски проблеми. Вели државата не помага многу за маратонците кои се принудени да трчаат и по спонзори, кои ретко го одврзуваат ќесето за нив.

Изминатито период Селмани учествувашпе на маратоните кои се одржаа во Нови Сад, Јагодина, Београд, Крушевац, врање, Скопје и Охрид.

Зоран Димовски