Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово, најави се уште инвестиции чија реализација зависи од политичката состојба – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/18 12:26 PM

Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово, најави се уште инвестиции чија реализација зависи од политичката состојба

Во технолошко индистриската развојна зона во Тетово се гради нова фабрика, која со работа се очекува да започне на пролет наредната година. Зоната денес  ја посети Бардуљ Даути министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

Се работи за компанија за производтсво на стакло, чиј објект во Технолошката индустриска развојна зона Тетово се очекува да се изгради напролет наредната година. Моментално за идните вработени во компанијата се вршат обуки.

Во посета на Технолошката индустриска развојна зона Тетово беше министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Бардуљ Даути. Тој порача дека е задоволен од тоа како се одвиваат работите во зоната каде би се инвестирало и би се развивала уште повеќе, ако Македонија излезе од политичката криза.

Целта на посетата на министерот Даути, како што посочија од ТИРЗ Тетово, е да се согледа состојбата на терен, но и со негова помош, да се овозможи рамномерен развој на индистриските зони во државата.

Зоран Димовски