Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за Марија Шарапова. Тој рече дека ја познавал многу години и ја забележал нејзината напорна работа и интелигенција.
– Таа е многу вредна. Дури и јас тренирав со неа неколку пати, па знам како таа се однесува на подготовките. Може да ја забележите нејзината концентрација. Тоа е причината зошто таа е на врвот толку долго. Има карактер на шампион, изјави Ѓоковиќ.
Надвор од теренот, таа е многу паметна. Ја знам веќе неколку години, Марија е многу девојка, додава Ѓоковиќ во изјава за „ Tennis World USA“.
Шарапова ја заврши сезоната пред предвиденото и ќе ги пропушти закажаните турнири во Пекинг, Тијанџин и Москва за подобро да се подготви за следната сезона.
Извор:МИА