Москва: Можно е експлозијата на колеџот на Крим да е терористички напад – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/18 11:54 AM

Москва: Можно е експлозијата на колеџот на Крим да е терористички напад

Руските власти соопштија дека е можно експлозијата што се случи денеска на колеџ на Крим да е теористички напад, јавија државните медиуми.

Најмалку десет лица загинале а повеќе десетици се повредени во силна експлозија која денеска одекнала на Техничкиот колеџ во Керч, во источниот дел на Крим.

Според првичните информации, можна причина за експлозијата е истекување гас во мензата на колеџот, јавуваат локалните медиуми повкувајќи се на очевидци.

Според едни извори, во експлозијата се повредени 40 лица, а според други, 50 луѓе. Некои руски медиуми јавија дека се повредени 70 луѓе.

На лице место има многу возила на Брза помош и пожарникари, а во болниза до сега се ондесени 18 лица.

Извор:МИА