Најскапиот фудбалер на светот Нејмар е незадоволен во Пари Сен Жермен и е подготвен да се врати во Барселона, тврди шпански „Мундо Депортиво“.
Како што е наведено, Нејмар веќе пратил сигнали до лидерите на каталонскиот клуб, од каде во 2017 година премина во Париз за неверојатни 222 милиони евра.
Иако тогаш Нејмар си замина од „Камп Ноу“ со многу „тешки зборови“ од двете страни, сега во Барселона цврсто веруваат дека ќе бидат во можност да го вратат во Каталонија.
Написите дека бразилскиот напаѓач е незадоволен во ПСЖ зачестија. Тој пред почетокто на сезоната беше поврзуван со Реал Мадрид, но парижаните одбиле било каква понуда.
Сега се шпекулира дека Нејмар не е задоволен што е во сенка на Килијан Мбапе, како што беше случај во Барселона со Лионел Меси.
Извор:МИА