Најмалку десет лица загинале, а повеќе десетици се повредени во силна експлозија која денеска одекнала на Техничкиот колеџ во градот Керч, во источниот дел на Крим.
Според првичните информации, можна причина за експлозијата е истекување на гас во мензата на колеџот, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на очевидци.
Според едни извори, во експлозијата се повредени 40 лица, а според други, 50 луѓе.
На лице место има многу возила на Брза помош и пожарникари, а во болница до сега се однесени 18 лица.
Извор:МИА