Здружението „Сполтени срца“ ќе организира собир на штипскиот плоштад „Слобода“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/18 10:12 AM

Здружението „Сполтени срца“ ќе организира собир на штипскиот плоштад „Слобода“

Здружението „Сплотени срца“ во сабота организира собир на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Зоран Мијалков од „Сплотени срца“ изјави дека ова не е протест на родителите на децата со посебни потреби, туку собир на кој ќе ги потсетат институциите кои се нивните барања.

– Собирот почнува од 12 часот и ќе трае до 13 часот, а на него ќе излеземе ние, нашите семејства, пријатели, соседи,  а ги повикуваме и сите граѓани на општина Штип да ни се приклучат на плоштадот. Значи ова не е протест, ние решивме нашата болка да ја преточиме во нешто добро, а тоа е да се обидинеме околу животно важните прашања, кои сите не допираат, а едно од тие е згрижување на децата и возрасните со посебни потреби, вели Мијалков.

Тој најави дека вакви собири ќе се организираат и во другите градови во земјава, а родителите на децата со посебни потреби ги покануваат и граѓаните, но и политичарите да дојдат на собирот.

Извор:МИА