Затворот Гвантанамо, во кој воглавно се наоѓаат затвореници обвинети дека учествувале во нападите од 11 септември, може да остане отворен уште најмалку 25 години.
– Мораме да обезбедиме комплексот да може да работи уште 25 години, изјави Џон Ринг, адмирал кој управува со тој контрoверзен затвор.
По указот од претседателот Доналд Трамп за одржување на тој затвор во функција, „ни рекоа дека ќе бидеме таму 25 години или повеќе“, додаде тој за време на посета на новинари организиранa од американската армија.
Посетата на Гвантанамо беше да се покаже хуманото однесување кон затворениците. Американскиот претседател потпиша указ со кој се наредува Пентагон да го задржи отворен затворскиот комплекс Гвантанамо Беј.
– Непосредно по тоа Пентагон ни испрати допис во кој велат: Бидете подготвени да останете отворени 25 години или подолго, нагласи адмиралот Ринг. Гвантанамо е отворен 2002 година по апсењето на првите џихадисти во рамки на американската интервенција во Авганистан, по нападите од 11 септември 2011 година.