Градоначалникот на Општина Аеродром, не го менува ставот за до Мајчин дом да не се гради зграда, за него ова би било позитивен исход од преговорите за обештетување со инвеститорот. Трошоците за земјштето и проектирањето на инвеститорот се тема на разговор во преговорите кои се во тек за стопирање на девткатницата до Мајчин Дом, вака денеска соопшти градоначалникот на општина Аеродорм Златко Марин.
„Од тоа што го кажа инвеститорот од пет до шест милиони евра. Тоа е сума од прилика, да не навлегуваме во бројките, тоа е сума за купеното земјиште и комуналиите кои се платени во Град Скопје и Општина Аеродром. А обештетување од аспект на профит, не паднал на разговор сега“, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.
Тој на денешната прес конференција информираше дека општината ќе започне со спроведување на интервентни мерки против загадувањето. 300 000 евра од општинскиот буџет за заштита на животната средина, ќе искористи општината во борба против штетните ПМ 10 честички.
„Со цел да ги заштитиме најмалите, набавивме прочистувачи за воздух за секоја просторија во сите градинки на нашата територија. До градинките доставени се вкупно 83 прочистувачи на воздух кои филтрираат ПМ честички, но исто така прав, чад, мувла, вируси и бактерии“, изјави Златко Марин.
Домаќинствата кои ќе преминат на поеколошки систем за греење ќе бидат субвенционирани, за овој пилот проект општината ќе одвои 560 илјади денари а фокусот ќе биде ставен на социјално загрозените семејства.
„560 илјади денари се субвенционираат, тоа е за печки со пелети тоа е од прилика би било по 15 000 денари за едно домаќинство. Критериумите ќе бидат определени на наредната седница на 29 –ти Октомври“, вели гардоначалникот на општина Аеродорм.
Од општината најавија дека работат на зголемување на зелените површини, со што ќе бидат насадени 1800 високи садници, а предвидени се и четири нови паркови. Инаку Аеродорм е општината која има најмногу паркови но и најголемо загадување на взодухот кое секоја зима се заканува по здравјето на граѓаните.