Tрансплантација од починат донор за спас на друг живот – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/18 2:47 PM

Tрансплантација од починат донор за спас на друг живот

Кадаверичната трансплантација или трансплантација од починато лице наскоро ќе им биде овозможена на пацинетите кои чекаат на листата, информираше Министерот за здравство Венко Филипче по повод Светскиот ден на органодарителство. Тој истакна дека тековно се одвива трансплантацијата од жив донор, но за да се отпочне кадаверичната трансплантација потребно е да се направи систем без ризик, да биде прекинат.

Листата на кандидати кои чекаат орган е првата работа која ќе биде превземена за кадаверичната трансплантација, изјави Министерот за здравство Венко Филипче.

„Ние во моментов испитуваме сто пациенти, дел од нив веќе имаат направено ипитувања кои се неопходни да бидат кандидати за трансплантација. Другите помал дел околу 20 на пациенти се прави таа типизација и сите заедно се испитуваат за коморбидитетите односно дали нешто ќе ги направи за тие да не бидат добри за трансплантација. Се надевам дека тоа ќе заврши во следниот период  од неколку недели и таа листа веќе ќе биде подготвена. Починатите лица со дополнителни испитувања согласно критериумите, длаи може да го донираат органот“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информираше дека ќе бидат издадени дополнителни лиценци за вршење трансплантација на органи,  а исто така подговен е и огласот за лиценца за тарнсплантација во приватните болници. Петмина болнички координатори ќе учествуваат во процесот на кадаверичната трансплантација, најави Маја Мосова национален координарот за трансплантација.

„На она што работиме е петмина назначени болнички координатори кои ќе помогнат во процесот но не само во процесот туку и во кажуавње на мозочната смрт, потоа согласноста од роднините“, изјави Маја Мосова национален координаор на транспланатција.

Најголем дел од предусловите се исполнети вели Душко Ѓорѓиев претседател на здружението за бубрежно болни „Нефрон“.

„Законските регулативи се јасни и децидни и со една малку подобра организација верувам дека ова ќе заживее брзо а нашите пациенти ќе го решат својот животен проблем“, вели Душко Ѓорѓиев, претседател на здружението бубрежно болни „Нефрон“.

16 трансплантации се направени од жив донор изминатиот период, а тројца пациенти со мозочна смрт биле потенцијални донори за кадаверична трансплантација но не ги исполните условите. Во законот стои дека секој граѓанин е донор се додека не се изјаснил дека не е, но со опција дека неговото семејство одлучува и го кажува последниот збор.