Со фантастични 20-ина минути во првото полувреме, Англија обезбеди недостижно водство од 3:0 синоќа на гостувањето кај Шпанија. Домаќините до крајот успеаја само да стигнат до минимален пораз со 2:3.
Головите за Англичаните ги постигнаа Рахим Стерлинг во 16 и 38-ма и Маркус Рашфорд во 30. минута. Пако Алкасер во 58. и Серхио Рамос во 90+8 минута погодија за „Црвената фудрија“.
Ова беше дуел од 3.коло четврта група во А-дивизија од Лигата на нации. И покрај поразот Шпанија е прва на табелата со шест бода, Англија има четири, Хрватска е последна со еден бод и натпревар помалку.