Случувањата во македонското собрание ќе ја скројат судбината на предлог ребалансот на Буџетот, со кој капиталните расходи ќе се скратат за 92 милиони евра, пари кои беа планирани за гасоводот и за Клиничкиот центар во Скопје.
Според дел од познавачите, ребалансот е очекуван, бидејќи како велат, потфрлија капиталните инвестиции.
Откако министерот Тевдовски најави дека парите ќе се пренаменат за покривање на обврските на општините и на Фондовите за пензиско и здравствено осигурување, се наметнува прашањето за оправданоста на ваквото кратење
Благица Петрески од Finanse think Апелира во иднина да се внимава на самото планирање на буџетот, како и на следење и менаџирање на долговите. Да се оди подлабински и да се да се даде одговор на прашањата „зошто настанал некој долг“ „која е причината“ и „како понатаму тој ќе се следи“.
„Доколку анализираме дали е ваквиот начин оправдан и потребен, можеби тоа било единствената опција за порационално искористување на средствата. Меѓутоа на среден рок мора да обрнеме поголемо внимание на планирањето на буџетот, а истовремено и на следење, дијагностицирање и менаџирање со долговите“, вели Петрески.
Таа оценува дека Владата е преголем оптимист со новите проекции за економски раст од 2,8 проценти:
„Според нашите проекции БДП е помеѓу оној на ММС и Светска банка, односно околу 2,2 проценти, главно поради недоискористените капитални инвестиции, но и поради неизвесноста која влијае врз инвеститорите, а тоа се покажа и во минатото“.
Инаку, ребалансот не предвидува пари за предвремени избори.
Сепак, доколку тие се распишат, министерот Тевдовски вели дека постои начин тие да се финансираат. Тој најавува дека во таков случај пари ќе се обезбедат од сатваката Функции на државата предвидена за такви намени.