Замрзнување на придонесите, мерка што ја најави вицепремиерот Кочо Анѓушев наиде напозитивни реакции од страна на Здружението за текстилна индустрија. Бизнисмените во оваа мерка гледаат спас за текстилната индустрија од која на годишно ниво си заминуваат 5,6 отсто од вработените.
„Мислам дека оваа мерка ќе биде најдобра, бидејќи се работи за тоа да директно, наместо зголемување на придонесите над минималната плата за тие средства да заминат во зголемување на нето платата. Таа мерка би придонела за некое позначително зголемување на платите на овие работници. А од друга страна за работодавачот вкупните трошоци би биле исти, не станува збор дека на бизнис секторот ќе му останува профит за билдање на нивната профитабилност“, вели Анѓел Димитров претседател на Здруженито за текстилна индустрија при Стопанската комора.
Како слабост Анѓел Димитров претседател на Здруженито за текстилна индустрија при Стопанската комора ја наведе помалата пензиска основица на вработените, но наведе дека и за тоа има решение.
„Би можело и тоа да се реши на начин што доколку работникот сака ова покачување да го добие адекватно и зголемување на пензиската основица, тогаш работникот може да даде изјава и покачувањето наместо во нето плата ќе оди во придонесите, и тоа е исто како да плаќа во третиот слободен пензски фонд. Значи мерката не мора да биде задолжителна за сите работници. Оние работници кои сакаат да им се зголеми нето платата на терет на помалите придонеси ќе им се зголеми нето платата“, вели Димитров.
Од Здруженито за текстилна индустрија, подготвени се да ја поддржат оваа мерка со што автоматски престануав да се применува мерката која се однесува на покачуавње на платата од 12.000 на 18.000.