Астибо фешн груп домаќин на ревија со креации од текстилен отпад – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/18 1:47 PM

Астибо фешн груп домаќин на ревија со креации од текстилен отпад

Колекции работени од текстилен отпад беа прикажани на модниот перформанс наречен #Sustainablestorymk – Наши први експресии, што се одржа во штипската компанија Астибо фешн груп.

– Дизајнот од нула отпад всушност не е нова технологија или материјал. Тоа е нов начин на размислување –филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер.Поставувањето на различни парчиња облека како сложувалка со различни техники придонесува да нема ткаенина која е залудно потрошена, а добивате ново уникатно парче кое повторно може да се носи. Освен
заштитата на животната средина на овој начин добивме и нови убави форми на модата – велат организаторите.

На капсулните колекции направени од текстилен отпад работеа Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева Зарезанкова, Натали Наумова ,Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева под менторство на дизајнерката Ирина Тошева.

Модниот перформанс е дел од проектот „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“.
Во следната фаза учесниците ќе ги менторираат и гостите од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

Завршницата ќе се случи во ноември, 2018 во рамките на Моден викенд Скопје.