Димитров: Бројот на текстилни работници се намалува – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/18 12:52 PM

Димитров: Бројот на текстилни работници се намалува

„Во нестабилна политичка состојба, ниту еден бизнисмен не се одлучува да вложува, да ги шири капацитетите и да размислува за нови пазари“, предупредува  Анѓел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија при Стопанската Комора на Македонија. Тој исто така апелираше  до политичарите да помислат на државата пред партиите.

„За целиот бизнис и целата економија во Македонија е многу важно дали политичката состојба и понатаму ќе се интензивира, односно дали нестабилноста ќе се продлабочи и тоа може да влијае не само на одржување на сегашните работи и договори со странство туку и за новите инвестиции“, изјави Анѓел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија при Стопанската Комора на Македонија.

Димитров денеска најави дека до крајот на следниот месец компаниите ќе може да поднесат барања за средствата  што ги вложиле измината година…

„Комапниите до крајот на ноември треба да ги поднесат барањата за исплата на средтсвата кои ги следува согласно законот за инвестиции што ги направиле во 2017 година, и верувајте сите чекаат ноември. А ако почнат избори, цела енергија ќе премине во тие избори, сите ќе се занимаваме со политика а ќе страда бизнисот. Но од тој бизнис очекуваме да ги полниме фондовите, буџетот или д аги зголемуваме социјалните давачки, затоа верувајте ако паѓа бизнисот ќе паѓа целата економија и држава“, потенцираше Димитров.

Од бизнис секторот стравуваат дека бројот на вработени во текстилната индустрија и натаму ќе се намалува. Податоците говорат дека бројот на вработени во индустријата
Од 43.848 во 2007 година сега се намалил  36.000 до 38.000.