Во новата доза Неделен Бриф на Радио Мрежа Канал 77, правиме резиме на дел од најважните активности и настани во македонските општини, кои се случија изминатава седмица.
Општина Македонска Каменица му поднесе кривична пријава на поранешниот градоначалник. Во финална фаза е водоводот , со кој со вода за пиење се обезбедуваат над 600 жители на населбата Балканска во Штип. Во рамките на светиниколскиот есенски културен бран се одржа драмската претстава „Татко“ во режија на Зоран Обрадовиќ. Општина Куманово неделава започна со реконструкција на инфраструктурата на спомен костурницата од Втората светска војна.
Објавено на: 10/15/18 12:36 PM