Германски автобус се удри во метална ограда, неколку патници се тешко повредени – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/18 1:24 PM

Германски автобус се удри во метална ограда, неколку патници се тешко повредени

Германски автобус денеска удри во метална ограда на автопат А2 недалеку од Лугано, во јужна Швајцарија, при што неколку патници се здобиле со тешки повреди. Во автобусот се превезувале околу 40 патници.

Автопатот А2 е дел од главната рута низ Алпите, од северна Европа кон Италија. Засега причината за несреќата е непозната.