Доколку ги сакате крем чорбите, пробајте го овој рецепт, за брза и вкусна крем чорба од компир.
СОСТОЈКИ:
1kg компир
малку свеж магдонос
целер
главица кромид
500ml вода
сол и бибер
малку сланина
2 лажици путер
ПОДГОТОВКА:
Излупете го и измијте го компирот, потоа исецкајте го на ситени коцки. Истото направете го и со кромидот, целерот и магдоносот. Растопете го путерот на тивок оган, потоа додадете го кромидот и динстајте додека не добиете жолтеникава боја. Потоа додадете го целерот и магдоносот и динстајте уште 5 миниути. На крајот додадете го компирот и динстајте повторно 5 минути со редовно промешување. Додадете ја водата и гответе додека компирот не омекне.
Кога компирот ќе биде готов, во чорбата додадете неутрална хопла и гответе 2 минути па тргнете го садот од огнот. Со миксер измешајте ја смесата за да добиете кремаста текстура.
Исецкајте сланина на коцки и пропржете ја без да додавате ништо. Само ставете ја во добро загреана тава, а сланината сама ќе пушти масло. Коцките сланина посипете ги врз чорбата и така послужете.