Од шест до осум чаши вода дневно, е предуслов за добро здравје и хидратција на организмот. Топлата вода има благотворно влијание на организмот. Доколку ја сварите водата, ќе ја ослободите од сите штетни материи. Еве какво влијание има топлата вода на вашето тело:
1.Една чаша топла вода секој ден ја прочистува кожата, посебно се препорачува за оние кои имаат проблем со сува кожа и акни;
2.Топлата вода ги опушта мускулите, па затоа е одлична за решение на менструалните грчеви;
3.Наутро, пред јадење и пола час после оброк една чаша топла вода го поттикнува метаболизмот и ги решава проблемите со надуеност;
4.Редовното пиење на топла вода ја подобрува циркулацијата, потењето и исфрлањето токсини од телото, со што се подобрува работата на црниот дроб и бубрезите;
5.Редовната консумација на топла вода помага кај оние кои страдаат од астма и имаат сипаници, а има и благодетно влијание и кога имате настинка и кашлица.