Од утре започнува грејната сезона – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/18 9:05 AM

Од утре започнува грејната сезона

Од утре започнува грејната сеозна, БЕГ се обврзува дека температурите во домовите ќе достигнат 21 степн доколу времето биде постудено. Ако имаме пониски температури во текот на регулираниот период ќе биде испорачана поголема количина на топлинска енергија за да се обезбеди топли радијатори и топли домови.

Доколку пак има услови за потопло време и повискоки надворешни температури во текот на денот во тој случај ќе се прекине испораката со топлинска енергија и веднаш по падот на температурите греењето повторно ќе биде вклучено, стои во дописот на БЕГ.

Потрошувачите во текот на грејната сеозона која според правилникот зваршува на 15 април добиваат и податок за потрошената топлинска енергија.

Ако до крајот на сезоната е потрошена повеќе топлинска енергија од онаа што е авансно наплатена разликата ќе биде распределан на три еднакви рати и ќе биде фактурирана во сметките за мај јуни и јули кога се врши порамнувањто на сметките. Ако пак во авансните сметки е пресметано повеќе од она што е потрошено  во тој случај разликата ќе биде вратена на потрошувачот.

Градското парно го користат околу 60 – илјади домаќинства. Во август годинава беше направена и нова корекција на цената со која греењето поевтини за 3,1 процент