Ако секогаш ве гризе совеста кога ќе помислите на уживање во омилениот десерт, еве едно нискокалорично решение. Ви го носиме рецептот за здрави палачинки, со ниско ниво калории, после кои нема да ви биде жал што не сте одолеале на искушението.
Се што вам ви е потребно:
¼ шоља овес
¼ шоља јогурт
1 банана
2 белки од јајце
½ лажичка прашак за пециво
лажичка чиа семе
шоља боровинки
ПОДГОТОВКА:
Додадете ги сите состојки во блендер, освен боровинките. Добро измешајте и од истата смеса печете палачинки. Може да ги декорирате со прелив од мед и да ги послужите со свежи боровинки или друг вид сезонско овошје.