Стефан Додиќ од Металур го носи епитетот најмлад стрелец во историјата на ЛШ – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/18 8:14 AM

Стефан Додиќ од Металур го носи епитетот најмлад стрелец во историјата на ЛШ

Ракометарот на Металург, Стефан Додиќ стана најмлад стрелец во историјата на ракометната Лига на шампиони. Тој со 15 години и седум месеци успеа да се запише во листата на стрелците на вчерашниот натпревар со Чеховски Медведи.

Додиќ доби шанса да изведе седмерец и го реализира пеналот по што доби честитки од своите соиграчи.

Металург го загуби натпреварот со 33:25, што е негов петти пораз на исто толку натпревари во досегашниот дел од сезоната.