Црвените телефонски лондонски говорници заминаа во историјата – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/18 7:32 AM

Црвените телефонски лондонски говорници заминаа во историјата

 

Црвените телефонски говорници ќе заминат во историјата. Овие црени кабини кои се симбол на Лондон, најверојатно ќе бидат пренаменети за други цели. Причината за тоа е што овие црвени говорници повеќе никому не му се потребни, поради порастот на бројот на корисници на мобилната технологија. Малкумина се останати носталгичари кои ги користат. Токму поради тоа британските емдиуми пишуваат дека се во многу лоша состојба, но има и такви кои не сакаат овој симбол на Лондон да замине во историјата па одлучиле да ги поправат.

– Токму затоа што говорниците се наш заштитен знак тие не смеат да бидат валкани и прекриени со графити. Си помислив зошто да не ги исчистиме. Откако видов една во многу лоша состојба се чувствував како да сум видела постар роднина кој трпи болка, вели Емили која со пријателите тргнала во акција за чистење.


Лесниот пристап до мобилната технологија до интернет кој ги има на секој чекор во Лондон и што е најважно беспалтен е, нема да ги спаси црвените говорници. Единствена нивна употреба би била само симбол кој ќе потсетува на еден убав период од историјата на овој град. Некои од омилените стари говорници се огласени за продажба, а некои се претворени во библиотеки или ги изнајмуваат локални продавачи.

Црвените телефонски говорници, кои станаа симбол на Лондон, во британската престолнина за прв пат беа претставени во дваесеттите години од минатиот век за да и најсиромашните имаат пристап до телефон.