На 79 – годишна возраст почина српската актерка, Милена Дравиќ. Според српските медиуми таа починала вчеравечер во Клиничко – болничкиот центар „Бежанијска коса“.
Милена таму се лекувала а последните денови од нејзиниот живот се чувствувала лошо, лекарите се обиделе се, но немало спас. Пред две ипол години остана без својот сопруг, актерот Драган Николиќ и оттогаш се борела со тешка болест. Ова лето престојувала во Пула каде ја промовирала нејзината монографија.
Таа е една од најпознатите и најдобрите актерки од југославското и српското глумиште.