Направете сами масло од лаванда (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/18 4:30 PM

Направете сами масло од лаванда (ВИДЕО)

Многумина од нас се воодушевуваат од мирисот на лаванда и најчесто ја користи за козметички производи со мирис на виолетовата волшебна билка. За љубителите на производите од неа, ви го носиме рецептот за масло од лаванда погодено за сува кожа кое може да го направите сами.

МАСЛО ЗА ТЕЛО ОД ЛАВАНДА
Се користи за ублажување на грчеви и нервоза како и за нега и обнова на кожа. Како база најчесто се користи маслиново или сончогледово масло. Маслиновото масло за разлика од сончогледовото потешко се упива во кожата, но сончогледовото масло не е толку хранливо како маслиновото.

СОСТОЈКИ:
– базно масло (маслиново или сончогледово)
– цветови од лаванда

ПОДГОТОВКА:
Во чиста тегла или некој друг стаклен сад наполнете го со цветови од лаванда до 2/3 од неговиот капацитет, потоа до врв наполнете го садот со масло. Теглата ставете ја на место каде ќе има продор на сончева светлина скоро еден месец, а во текот на тој месец секој ден промешувајте. По повеќе од еден месец, маслото исцедете го низ густо сито или пак газа, со што ќе добиете чисто масло без остатоци од билката.

СОВЕТ:
Советуваме по два до три дена, без да го разматувате маслото уште еднаш да го процедите за да се избегне матно масло со талог. Добиениот производ чувајте го на темно и ладно место и искористете го во рок од една година.