Иако Франција е престолнината на кроасаните, чоколадите, богатите десерти, сирењето и виното, само 11% од луѓето во Франција имаат проблем со вишокот килограми. Сигурно се прашувате како тоа им успева? – Французинките одлучиле со светот да ја споделат нивната тајна за добар изглед, тие велат дека е неопходно да се води сметка, но и мора од некоја храна тотално да се откажете.
ЛЕБ И ТЕСТЕНИНИ МОЖЕ ДА ЈАДЕТЕ , НО ВО УМЕРЕНИ КОЛИЧИНИ
Нивниот стил на живеење е потполно уживање во секој залак. Французинките никогаш не јадат „од нога“ и секогаш наоѓаат време колку што им е потребно за оброк. Не се откажуваат од јаглено хидратите како што се леб и тестенини – нивната тајна е во што тие ги консумираат но во умерени количини, затоа што белиот леб и тестените штетат на витката става кога се консумираат во големи количини.
УСПЕХОТ Е ВО МАЛИТЕ ПОРЦИИ
Ако во Франција нарачате сендвич со шунка, може ќе се изненадите кога ќе видите дека во сендвичот имате само едно тенко парче шунка, неколку парчиња домат и семф. Во тоа се крие уште една тајна на витките Французинки – малата количина. И кога се на гости, Французинките нема да земат повеќе од едно пециво или колаче во кое ќе уживаат со кафето. Тие за појадок обично јадат печиво, јогурт и овесни снегулки. Кроасаните се повремен десерт и главно се служат на гостите. Грицките најмногу ги консумираат децата обично по училиште, додека возрасните се придржуваат на три оброка дневно.
МНОГУ ЈОГУРТ
Кога ќе почувстуваат глад помеѓу оброк, Французинките пијат јогурт. Овој млечен производ е нивни голем сојузник во одржување на витката линија. На тој начин ја контролираат рамнотежата на калории кои дневно ги внесуваат.
ОБРОКОТ СЕКОГАШ ИМ Е ВО ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ
Французинките не се откажуваат од традицијата кога станува збор за три оброка дневно и обично не јадат ништо помеѓу оброката. Жените во Франција сметаат дека е нормално да чувстуваат глад помеѓу оброците и поради тоа нема да посегнат по храна. Во терминот помеѓу појадок, ручек и вечера може да видите дека рестораните за брза храна се полупразни, што значи дека културата за три оброка се одржува до денес.
ЗА ДЕСЕРТ ЈАДАТ ОВОШЈЕ
Французинките сакаат пецива и колачи, но таквите слатки задоволства ги јадат само во посебни прилики. Во секојдневните прилики за десерт одбираат овошје, а францускиот стил на живот подразбира редовна консумиација на овошје и зеленчук.