11 бегалци изгореа во сообраќајна несреќа во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/18 11:45 AM

11 бегалци изгореа во сообраќајна несреќа во Грција

Рано утринава во сообраќајна несреќа на регионалниот пат помеѓу грчките градови Кавала и Солун, животот го загубија 11 лица откако комбето со кое се превезувало се судрило со камион, од самиот удар двете возила се запалиле.

11 -те лица кои изгореле живи биле бегалци, соопштуваат грчките медиуми. Телата на починатите биле јагленосани, а нивната идентификација ќе оди преку судска медицина и ДНК примероци.

Причините за несреќата за сега се непознати, информираат од грчките медиуми. Возачот на комбето кое се движело накај Солун, најверојатно поради големата брзина изгубил контрола и се судрил со камионот што доаѓал од спротивна насока. Ударот бил силен и се запалиле и двете возила. Возачот на камионот во последен момент успеал да го напушти камионот и да се спаси.

Во јуни годинава, за помалку од еден месец, на речиси истиот пат, во две различни сообраќајќи, животот го загубија девет лица.