Трагедија во семејство од демихисарско Сладуево. Пронајдена мртва 24-годишна девојка, според информациите на полицијата вчера околу 21.30 часот во куќа на улица „Солунска“ во Битола, во сопственост на Г.Б., починала неговата внука Љ.В.(24) од село Сладуево, демирхисарско. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, а лекар констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.