Според прогнозите на синоптичарите, викендов во Шпанија и Португалија треба да пристигне ураганот „Лесли“ преку источниот Атлантик.
„Лесли“ во моментов е лоциран на околу 400 километри јужно од Азорските острови во Португалија, пренесува „Њузвик“.
Карактеристиките на ураганот „Лесли“ се дека е ураган од прва категорија кој носи ветрови кои дуваат со брзина од околу 185 километри на час. Националниот центар за урагани предупредува Шпанија и Португалија да го следат движењето на ураганот „Лесли“ и соодветно да реагираат.