Обично сите нови почетоци се поврзуваат со годишното време пролет, кога се се раѓа и буди или пак со почетокот на новата календарска година. Меѓутоа истите тие почетоци може да започнат и со доаѓањето на есента. Ви се чини ли дека некогаш есента е добата во која се спознаваме себе си, започнуваме нови приказни и стекнуваме нови искуства?!
Изгледа тешко ни е да прифатиме дека се околу нас брзо се менува. Константната промена во животот е добра, бидејќи симболизира напредок. Есента е време кога полека сфаќаме дека мора да продолжиме понатаму, да го заборавиме минатото и да се фокусираме на сегашноста.
Потребно е да ги опуштите сите негативни мисли, па дури и спомени, затоа што се што ве спречува да тргнете понатаму мора да го оставите зад себе.
Одете напред, затоа што есента е вистинско време за нови почетоци, дали на приватен или деловен план. Иако можеби е тешко да продолжите или се плашите од неуспех, мора да ризикувате за да успеете.
Донесете одлука поврзана за целта кон која тежнеете и дајте си себе си рок во кој ќе ги извршите вашите обврски. Почнете веднаш и не гледаје назад, туку појдете храбро кон својот успех.
Она што додатно ве мотивира, сега кога сите стануваат ладни, секако е вашиот топол дом кој на почетокот од есента го доживувате како единствена сигурност. Ова е идеална доба и вашиот дом да го декорирате во духот на есента и да се чувстувате спокојно. Дај си себе можност за новиот почеток и не дозволувајте дождот и ладното време да ве спречат во тоа. Магијата е во тоа што вие го будите сонцето кое ќе ги растера есенските сиви облаци.