Есенски десерт: Чискејк од тиква – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/18 8:15 AM

Есенски десерт: Чискејк од тиква

ПОТРЕБНО:
2 шољи мелени бисквити
2 лажички кафеав шеќер
½ лажичка цимет

120 gr. растопен путер

ФИЛ:
230 gr. крем сирење
420 gr. пире од варена тиква
3 јајца + 1 жолчка
¼ шоља кисела павлака
1 ½ шоља шеќер
½ лажичка цимет
1/8 лажичка рендано мускантно оревче
1/8 лажичка каранфилче
2 лажички брашно
1 лажичка екстракт од ванила

ПОДГОТОВКА:
Прво загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Во сад со средна големина ставете бисквити, шеќер и цимет, додајте го путерот, замесете и ставете го во сад за печење и израмнете го. Истурете го крем сирењето и додајте го пирето од варената тиква, јајцата, жолчката, киселата павлака, шеќерот и зачините. Сето тоа добро измешајте го. Прелијте со смесата врз подготвената кора и ставете да се пече. Печете го колачат нешто повеќе од еден час, кога ќе се испече и излади, оставете го колачот во фрижидер да отстои четири часа пред да го послужите.