Внесете ја есента во вашиот дом (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/18 8:00 AM

Внесете ја есента во вашиот дом (ФОТО)

Есенски денови во комбинација со мирисот на печени костени и греено вино, звучи идеално. Но ако на ова додадете и есенска декорација на вашиот дом во тој случај целосно ќе може да се препуштите на есенскиот „муд“. Правилото на есенското руво е дека треба да си поиграте со црвено кафената палета на тонови, комбинирајќи ја со плодови од природата карактеристични за оваа доба, тука се лисјата во сите нијанси од жолто, црвено и кафено, костени, лешници, ореви, шишарки, тикви, дуњи. Во вашата декорација може да ви помогнат и старите свеќници, фенери, садови, кошници на кои може да им дадете повторно шанса, а вашиот дом да зрачи со топлина.


Е, па засукајте ги ракавите и искористете ги предностите на природата и украсете го вашиот дом. Влезната врата може да ја украсите со венец како оној што го најавува Божиќ но овој пат со суви есенски лисја, хризантеми и тикви.


Вашиот лустер во дневната соба може да добие ново руво ако на тенка жица или пак конец нанижете суви лисја во најразлични нијанси.


Деталите можат да ви помогнат за да ја доловите есенската атмосфера, декорирајте ги вашите фотографии со есенски моменти.


Цвеќето е одлична декорација во секое време од годината. Кринови или сончогледи ќе траат долго во вазната и ќе го разубават вашиот ентериер.

Не ги заборавајте тиквите, тие се обележје на сезоната и постојат многу начини да ги користите за декорација. Ставете мали тикви во декоративни стаклени садови или вазни. Можете да ги ставите на декоративен послужавник во дневната соба и да додадете неколку миризливи свеќи.
Ако во текот на летото поминавте многу време на отворено, на есен ќе преферирате да седите дома. Направете свој агол, каде што можете мирно да ја читате вашата омилена книга. Изберете место во близина на прозорецот или во аголот на собата. За да го направите ова, ќе ви требаат топол текстил, како и неколку меки перници.