Заменик командир на единицата „Алфи“ со фалсификувана диплома за средно образование работел во Министерството за внатрешни работи. Ова не е единствен случај велат од МВР,при нивна проверка откирени се фалсификати и кај поранешната портпаролка на СВР Куманово како и вработен во МВР кој со фалсификувана диплома напредувал и предавал на некој од факултетите во Република Македонија.
Во изминатите 10 – 15 години во МВР четиресет лица работеле со фалсификувани дипломи – ова вчера го откри министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој потврди дека тие стигнале и до значајни функции. Портпаролот во овој ресор, Тони Ангеловски пак, денеска информираше дека За овие случаи веќе има дисциплинска и кривична постапка…
„До сега имаме околу 40 случаи каде што се констатирани злоупотреби, односно вработување со фалсификувани дипломи како за факултет така и за средно образование, тие случаи веднаш се процесуирани, почната е дисциплинска постапка веќе им се поделени откази на тие луѓе, а исто така се води и кривична постапка“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
Ангеловски исто така додаде дека веќе имаат и нови сознанија за нови случаи на кои работат…
„Имаме неколку карактеристични случаи, случај со поранешната портпаролка на СВР Куманово, заменик командантот на единицата „Алфи“ и вработен во МВР кој што со фалсификувана диплома напредувал во МВР а исто така и предавал на еден од факултетите во Република Македонија. Овие случаи продолжуваме да ги испитуваме има уште некои кои што се во тек и се работата и веднаш штом ќе ги завршиме соодветно ќе ја информираме јавноста“, изјави портпаролот. На ова имаше и ракција од страна на Независниот синдикат на полицијата кои не веруваат дека се само 40 лица туку дека има и повеќе.
„Не верувам дека се 40, може да бидат и 140. Ние како Независен синдикат на полицијата бараме соодветни лица со соодветни дипломи, со соодветна стручна подготовка на соодветна работна позиција согласно интерните огласи“, изјави претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.
Како што информираа од МВР ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до откриените лица, но не само до нив туку и до фаултетите кои ги издале дипломите.