НСП: Полициските службеници униформи набавуваат од диви пазар, МВР демантира – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/18 2:21 PM

НСП: Полициските службеници униформи набавуваат од диви пазар, МВР демантира

Полициските службеници сами се снаоѓаат за униформи, ја купуваат од диви пазари, шијат и позајмуваат, велат од Независниот синдикат на полицијата тие со овој проблем полицијата се соочува веќе 10 години.

Во знак на револт од денеска полициските службеници ќе носат флуросентни елеци со соодветен амблем, вака најави Гоце Делчев Тодев претседател на Независниот синдикат на полицијата.

„Од денеска па понатака ќе гледаат се поголем број на полициски службеници кои нивните службени задачи во флуросцентни елеци и тоа практично ќе биденачинот на кој ние ќе ги реализираме нашите службени задачи понатаму. Дадени се елеците на печатење каде што ќе го има знакот на полицијата“, вели Тодев.

Тие од министерот бараат да ги отпушти  сите оние кои не си ја вршеле својата работа за опремување на полицијата, затоа што како што вели претседателот Делчев тие се лице на државата. На прашање како се снаоѓаат полициските службеници со униформи, вели  дека ја купуваат од диви пазари, пензионирани полицајци или пак сами ги шијат.

„Буквално купуваат од одредени диви пазари во Република Македонија каде што продаваат луѓе кои веќе се пензионираат, им даваат луѓе, чистат подруми, им даваат луѓе на кои изминатиот период од 20 -на години им стоеле униформи и кошули по ќошеви, а полициските службеници ги купуваат за да не им пречат по дома“, објасни Тодев.

МВР пак со демант за набавката за опремата на полициските службеници.

„Како што и вие сте сведоци во изминатиот период МВР интензивно работи на овозможување на соодветни услови за работа на полициските службеници. Единствено што кажаа точно е дека во десет годишниот период на претходното раководство не биле набавувани униформи, не биле поправани полициските станици и токму поради тоа по смената на раководтсвото на МВР превземени се соодветни мерки за тие работи да се променат. Постојано се набавува и како пристигнува во МВР, се дистрибуира до крајните корисници односно до полициските службеници“, вели  потпаролот на МВР, Тони Ангеловски, кој потенцираше дека за ново примените 1200 полициски службеници веќе е набавена нова опрема, која до следната недела треба да се комплетира.