Повисоки плати и нов колективен договор за вработените во Фени по завршување на постапката за стечаj – бараат од СИЕР. Според нив, сево ова најмногу оди на штета на вработените и како што велат, повеќе од јасно е кој има намера да ја опструира и одолговлекува постапката.
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија очекува конечно да се средат работите во кавадаречкиот комбинат за никел Фени Индустри каде работниците ќе добијат договори на неопределено време и повисоки плати по целосното завршувањето на стечајната постапка. Според Маре Анчева од СИЕР просекот на плати на вработените во Фени е зголемен, но поради стечајната постапка тие добиваат договори на определено се додека процесот на се оконча.
Од гранковиот синдикат, исто така чекаат и формално ФЕНИ да излезе од стечај за да се спроведено планираното. Според Анчева, сево ова најмногу оди на штета на вработените и повеќе од јасно е кој има намера да ја опструира и одолговлекува постапката:
„Навистина со нетрпение го очекуваме завршувањето на стечајот,затварањето на таа приказна,враќање на вработените во редовен рабтен однос кај новиот работодавач и отворање на нови преговори како и кај сите други кои што ги покрива овој синдикат.Што значи отворање на преговори за колективен договор,договарање на осноиците,стартните плати по одредени позиции и така натаму“, смета Анчева.
„Значи се оддолжија некои судски постапки,во моментов фактички ме може да се затвори стечајната постапка заради тоа што се очекуваат некои одлуки од Апелациските судови по поднесени приговори,еден приговарач има на планот за реорганизација и додека формално не се завршат сите постапкиво врска со приговорот значи стечајната постапка не може да се затвори“, додава таа.
Планот за реорганизација како позитивен и перспективен беше изгласан и прифатен со 98 постотно мнозинство од Собранието на доверители и конечно излегување на ФЕНИ Индустри од стечај и крај на неизвесноста за опстојување на комбинатот. Инвестицијата од ГСОЛ започна со договорот за производство на никел, со кој се рестартираше производството,досега се произведени повеќе од 7.000 тони никел, а до крајот на годината Еуроникел очекува да го надмине производството од 10.000 тони колку што било во 2016 година.
Кавадаречки Фени замина во стечај откако претходното раководссво на Кунико ресурси (Cunico Resources) беше ставено под лупа на полицијата за наводно „испумпување“ на скоро 50 милиони евра од фабриката.
Билјана Тошевски