Меркел ќе потроши милијарди евра за домување и интеграција на мигрантите до 2022 година – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/18 12:44 PM

Меркел ќе потроши милијарди евра за домување и интеграција на мигрантите до 2022 година

ерманската канцеларка Ангела Меркел ќе дистрибуира 6,85 милијарди евра до германските региони за да им помогне да платат за сместувањето, субвенциите за социјални станови и за часовите по јазици за мигрантите, пренесува „Ројтерс“.

Изворот на „Ројтерс“ тврди дека Министерството за финансии на Меркел се согласило да им додели 500 милиони евра помош за мигрантите на германските држави за субвенции за социјалните станови, 1,8 милијарди евра за сместување и 2,44 милијарди за програмите за интеграција како часовите за јазици за т.н. „нови Германци”. Сè на сè, околу 15 милијарди евра ќе бидат пренасочени за поддршка на мигрантите во Германија до 2022 година.

Друг извештај на „Ројтерс“, пак, од мај 2018 година, сугерира дека вкупните трошоци за прашања поврзани со мигрантите до 2022 година ќе бидат строномски 78 милијарди евра, при што агенцијата се повикува на статија на „Шпигел“ базирана на нацрт-документот од Министерството за финансии. Овој извештај сугерира дека социјалните плаќања за мигрантите до 2022 година ќе достигнат 21 милијарда евра, а програмите за интеграција, вклучувајќи ги часовите по јазик, би чинеле 13 милијарди евра.

Германија го распредели целиот вишок од националниот буџет за финансирање мигрантската криза во 2016 година кога потроши 6 милијарди евра.

Преземено од: Макфакс