“До сега беа откриени преку 40 лица вработени во МВР со фалсификувани дипломи. Овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добија отказни решенија и кривични пријави. А кривични пријави беа поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи” – изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Прашан дали досега некој од пратениците пријавил закани околу донесувањето на предлогот од Владата за уставните измени, вели дека ниту еден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот. Но, има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и членови од истата партија, за што се постапува, рече Спасовски.