„Го сакам Водно“ го демантираат соопштението на МЕР за активностите за гасоводот – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/18 7:46 AM

„Го сакам Водно“ го демантираат соопштението на МЕР за активностите за гасоводот

Граѓанската иницијатива „Го Сакам Водно“ го демантира соопштението на МЕР АД Скопје, со кое ја информираше јавноста дека активностите на планината за гасоводот продолжиле откако била постигната согланост со граѓанските активисти.

Од Иницијативата демантираат и велат дека не е постигната согласност, ниту  биле дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

„Ширење лажни вести како официјално соопштение е сепак пострашно од fake news (лажни вести) , нели Миле Бошњаковски и Бајрам Реџепи? Освен, ако нема некои нови, преку ноќ одгледани граѓански активисти“, се вели во демантот на „Го сакам Водно“.

Планинари и активисти вчера забележаа дека повторно се работи на скопската планина. Иницијативата „Го сакам Водно“ објави и видео во кое активистка застануваа пред багер, барајќи дозвола за градба. Исто така, побараа веднаш да престанат градежните активности и да се отстрани механизација од Водно. Машинеријата денес повторно е на терен, а активисти и планинари низ социјалните мрежи постираат фотографии и видеа со уништитени дрвја.