Куманово-Се обновува спомен Костурницата – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/18 6:36 AM

Куманово-Се обновува спомен Костурницата

Општина Куманово неделава започна со реконструкција на инфраструктурата на спомен Костурницата од Втората светска војна.Екипи на повеќе јавни претпријатија и општината со механизација ги санираат оштетувањата околу локалитетот.
Овој монументален објект е под надлежност на Централната власт  но општина Куманово со сопствени средства и помош од приватни компании ,ќе ја спроведува реконструкцијата која што, како што беше најавено  ќе  треба да заврши за  еден месец.
Ќе се поставува урбана опрема а осветлувањето ќе биде целосно обновено, информираше градоначалникот Максим Димитриевски на почетокот на активностите.
,, Веднаш по средување на локацијата од страна на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе се преземе целосна обврската да го одржуваат, а воедно ќе воведеме и чуварска служба бидејќи оваа локација многу често е предмет на вандалско однесување на поединци. Нема да го дозволиме тоа во иднина и воедно се надевам дека час поскоро државните надлежни органи ќе преземат активности во делот на реконструкција на спомен обележјето кое што е од големо значење не само за кумановци туку и за сите граѓани на Република Македонија, изјави Димитриевски.
Директорот на Јавното претпријатие ,,Чистота и зеленило,,Даниел Стојчевски вели дека се засадени околу двесте нови садници,но дека истите се уништуваат од несовесни граѓани.
,, Имаме поставено дежурни служби кои што ќе работат на одржување