Македонски автобус се судри со камион во Австрија има повредени – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/18 10:39 AM

Македонски автобус се судри со камион во Австрија има повредени

Деветмина патници се потешко повредени во судирот меѓу македонски автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре.


Во автобусот имало 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.


Повредените се згрижени во болница, а поради несреќата утринава беше затворен и автопатот кон Линц.Во македонското Министерство за надворешни работи сè уште немаат податоци за сообраќајката, но велат дека ќе проверат.