ЛГБТИ заедницата ја одржа втората парада на гордоста во Приштина – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/18 8:02 AM

ЛГБТИ заедницата ја одржа втората парада на гордоста во Приштина

Втора година по ред по слоганот „Во името на слободата“ во Приштина вчера се одржа геј парада. Стотици учесници продефилираа по улиците на парадата на гордоста. Самиот настан бил поткрепен со богата културна програма која ќе трае цела недела.


Сериозни инциденти биле пријавени на овој несекојдневен настан, иако претходната година исламска партија побара парадата да биде забранета. Минатата година геј парадата, исто така не помина без возбуда и закани против учесниците.


За антидискриминација и поголема слобода во Косово се бори и конзервативната косовска заедница, а властите го усвоија законот за антидискриминација во 2004 година. На вчерашната парада на гордоста како што пренесува Газета Експрес забележано било присуство на повеќе министри, градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети и амбасадори во Косово.

Активистите бараат слобода и безбедност за припадниците на ЛГБТИ заедницата.