Над 400 илјади куќи и деловни простори на Флорида, Џорџија и Алабама останаа без струја откако ги погоди бура проследена со ураганот Мајкл, кој ги однесе и првите жртви.
Првата жртва е маж од Флорида врз кој паднало дрво кое пропаднало низ покривот од неговата куќа на Флорида, потврди портпаролката на округот Гадсен во таа сојузна американска држава. Си Ен Ен јави дека дете загинало во Џорџија, претпоставките се дека до смртта дошло при удар од предмет во сопствената куќа. Спасителите не успеале да дојдат до куќата во која било детето, се уште нема детали за овој случај.
Ураганот, кој во средата попладне се истури врз брегот на Флорида го опустоши тоа подрачје и донесе ветрови со брзина од 200 км/час. Фотографиите и видео-снимките покажуваат куќи од градот во кој има околу 2.000 жители како се искршени на парчиња.
Панама сити, град на некои 32 километри од Мексиканската плажа, претрпе силни удари од бурата, се рушеа дрвја, далеководи и се корнеа покриви и рушеа куќи.