Граѓанскиот сектор бара измени на законот за данок на додадена вредност – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/18 2:05 PM

Граѓанскиот сектор бара измени на законот за данок на додадена вредност

Граѓанскиот  сектор бара измени на законот за данок на додадена вредност кој се однесуваат на физички лица, односно расчистување на правните нејаснотии, а потоа негово спроведување. Законот за Данок на додадена вредност ќе треба да се допрецизира посебно во оној дел кој се однесува на физичките лица, со ваков став денеска излегоа невладните организации кои работена на ова законско решение.

Законот за ДДВ во моментов не овозможува правна примена на одредбите за оданочување на физичките лица а со тоа се попречува владеењето на правото, велат од невладиниот сектор , кој воедно од Владата побара во законот прецизност под поимот „стопанска дејност“ во контекст на владеење на правото, односно авторски договори во системот на ДДВ, кои по својата суштина се исти со договорите што ги склучуваат правните лица, а кај кои не настанува промет…

„Во Законот за данок на додадена вредност во член 6,  вели дека предмет на оданочување ќе биде преносот на авторски права, патенти и лиценци. Не пишува дека создавањето на авторско дело е промет, туку преносот на правата“, изјави Борче Смилевски, од Центарот за даночна политика.

Забелешка испратија и до работењето на Управата за јавни приходи, а проблемот беше лоциран во административноста и бирократијата…

„Политичкиот естаблишмент мора д аго разбере. Тоа е она квалитативна разлика која што ќе го помести општеството кон општ амбиент за развој на економијата, онаа суштинска разлика кога тие ќе разберат дека тие треба да бидат сервис на даночните обврзници. Тоа е она аразлика која излегува надвор од конфорнаната зона со даночните експерти  од Министерство за финансии или инспектор од УЈП, тој сега мене да ме убеди со неговото знаење таксативно на законот за додадена вредност“, вели Марјан Николов, од Центар за економски анализи.

Законот за ДДВ почне да се применува на стартот на 2000-та година, а подоцна властите одлучија дека и граѓаните кои имаат дополнителен годишен приход од над еден милион денари треба да се регистрират како ддв обврзници.