Центар за јавно здравје – Тетовската вода е чиста за пиење – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/18 1:42 PM

Центар за јавно здравје – Тетовската вода е чиста за пиење

Граѓаните може слободно да ја пијат водата од тетовскиот водовод. Центарот за јавно здравје Тетово утврди дека мострите вода земени во понеделникот и по 48 часови опсервација не покажале присуство на штетни микроорганизми, со што истата е исправна за пиење.

Тетовската вода е исправна за пиење покажаа резултатите на Центарот за јавно здравје Тетово. И тетовци се соогласуваат дека водата од градскиот водовод нема променет вкус и мирис, како изминативе три дена.

Од Центарот за јавно здравје Тетововелат дека променетиот вкус и мирс на водата е резултат на гниењето на лисјата во река Пена, чија вода се користи за новиот водовод. Велат дека променетиот вкус и мирис може да се повтори. Апелираат да се преземат дополнителни мерки како употреба на активен јаглен или озонирање, за да се подобри непријатниот вкус и мирис.

Инаку од понеделник граѓаните почнаа да се жалат дека водата која им истекува од чешмите има непријатен вкус и мирис и истите беа загрижени за здравствените последици од нејзино козумирање. Во октомври лани, тетовци во три наврати го почуствуваа изменетиот мирис и вкус на водата за пиење, непосредно по пуштањето во употреба на новиот градски водовод.

Зоран Димовски