Меланија ќе зборува за аферата на Доналд Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/18 12:50 PM

Меланија ќе зборува за аферата на Доналд Трамп

За тоа и на многу други прашања првата дама ќе се обиде да одговори овој петок во ексклузивно интервју на телевизијата ABC, каде на водителот Томас Ламас ќе му разјасни многу работи за кои досега само се претпоставуваше.

Во најавата на телевизијата ABC нагласено е дека во разговорот нема да има никакви забранети прашања.

Па така Меланија за прв пат ќе открие дали го поддржува движењето #MeeToo, и како наводната афера на Трамп влијаела на нивниот брак.

https://youtu.be/HgyQqu8VnLI

Водителот ќе ја прашува Меланија и за натписот на нејзината јакна „I really don’t care, do you?“, која ја носеше во посета на децата имигранти кои се одделени од своите родители поради нелегално преминување на границите.

Интервјуто „Being Melania – The First Lady“, ќе биде прикажано во петок на 12 октомври, а во кратката најава гледачите добија мал увид за она што ги очекува.